Министре, препаркирајте го автомобилот!

Министерот за правда, Билен Салији, го паркирал автомобилот на тротоар и го узурпирал просторот за пешачење на граѓаните. Оваа фотографија осамна на социјалните мрежи со коментар „Пишете му на министерот за правда да препаркира“.

Освен овој коментар, пишуваше и дека министрите не само што не возат велосипеди како што најавуваа туку и со автомобилите се паркираат до самиот влез на министерствата.

„Функционерите забораваат дека се тука заради граѓаните, а не обратно“, пишуваат на социјалните мрежи.

Од надлежните се очекува да постапат исто како и за сите граѓани кои се паркираат на тротоар сред центар.

 

Scroll to Top