Најважно беше да ја тргнеме од екраните

Новинаркта Ивона Талевска, лицето на „Сител“, кое со години го креираше јавното мислење  на вестите, ја нема веќе на ТВ-екраните. Одкако во судот ја објавија пресудата за затајување данок, условната затворска казна и признанието за стореното кривично дело на новинарката, се крена прав на социјалните мрежи. На прашањето дали планира да продолжи со новинарската кариера, односно дали останува на функцијата заменик-главен уредник во ТВ „Сител“ , Ивона Талевска не се јавувала на мобилниот телефон да одговори, пишува Независен.мк.

Неофицијално коментираат дека таа одамна е тргната од ТВ-екраните и воопшто не учествува во уредувачката политика на медиумот.

„Тоа ни беше најважно, да ја тргнеме од екраните“, рекле од телевизијата.

Вработени во „Сител“, пак, рекле дека Талевска секој ден доаѓала на работа, но оти се повлекувала во својата канцеларија, која ја дели со нејзиниот колега Драган Павловиќ-Латас, кој, пак, не се појавувал на работа поради здравствени проблеми во семејството. Таа и натаму е вработена во телевизијата, но не учествува во секојдневните обврски на работниот колегиум.

Scroll to Top