Нападнат македонскиот пратеник Горан Милевски

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски, вели за „А1он“ и „Макфакс“ дека вчерашниот инцидент е срамен чин и неуспешен обид да се попречи патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Тој тврди дека иако дојде до елиминација на некој функционер или пратеник, Македонија ќе остане на зацртаниот пат и дека политиката која тие како владејачко мнозинство ја водат нема да биде спречена.

-И да нè елиминираат ова е политика што ќе ја спроведе некој друг. Нашата интенција е Македонија да влезе во НАТО и ЕУ и вакви испади нема да нè поколебаат тоа да го реализираме.

Стратешките цели на Македонија се многу поважни од индивидуалните дејанија на лицата, вели Милевски.

Милевски: Нападот е поради законот за јазиците

Тој смета дека овој чин не е напад врз него како личност, туку е напад на пратеник зад кој стојат 10 илјади граѓани во чие име спроведува политики во Собранието на РМ.

Повеќе на Макфакс на следниот линк:

 

Scroll to Top