Наташа Малинкова во политичка трка

Поп-пејачката Наташа Малинкова неодамна го промовираше својот нов сингл „Ново време“. Таа реши да ја искористи моменталната политичка ситуација во земјата, времето на кампањи, лобирање, митинзи и гласање и да ја поттикне македонската јавност да ја чуе нејзината „куса програма“, односно спотот. На фотографија во вид на политички плакат таа им се обраќа на сите граѓани на Македонија, па пишува:

„Ова е ‘Ново време’, а новото време носи нови предизвици и искушенија. Јас, Наташа Малинкова решив да го послушам гласот на народот и да ви ја претставам мојата програма која трае само неколку минути. Погледнете, слушнете и шерувајте…“.

Scroll to Top