НЕ Е ВЕЌЕ СОЛО: Пејачот Перо Пандилоски „ќари“ згодна бринета во Турција

Македонскиот пејач Перо Пандилоски деновиве престојува во Турција каде што ужива во својот летен одмор, но иако се обиде да сокрие од јавноста, сепак тој таму е со својата нова девојка.

Фотографиите до кои дојде нашата редакција потврдуваат дека пејачот летниот одмор го „тера“ со прекрасна бринета чие име се уште не успеавме да го откриеме.

На приказните на „Инстаграм“ кои ги објавуваат неговите пријатели, Перо и згодната бринета се гушкаат, се смешкаат и уживаат во својата љубовна романска.

Одговор за љубовната врска побаравме на телефонскиот број на пејачот, но до објавување на оваа информација не добивме повратен одговор. Неговиот мобилен телефон е надвор од мрежно покривање.

Scroll to Top