Не се спуштам на пиљарското ниво на Ефтов

По вчерашното интервју во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов, во кое актерот и директор на Драмскиот театар, Сашо Тасевски, стана и си замина, подоцна и тој се јави со образложение зошто го прекинал разговорот.

Моите пријатели очекуваат моја реакција за интервјуто кај Ефтов. Премолчев не зашто немав што да му кажам, туку зашто не сакав да се спуштам на неговото пиљарско ниво, зашто не сакав со некоја неконтролирана изјава или потег да му нанесам штета на театарот што го управувам. Оти не сум сам во таа приказна. Затоа станав без збор. И уште нешто. Згрозен сум од неговата подмолност и измама да не се држи до темата што ја договоривме, туку да се занимава со мене со цел да ме компромитира. Моите ставови секогаш биле конзистентни и јасни. Само, тој не ме викна за муабет во емисијата, туку да ме натера да реагирам неумесно. Сфатив, некој смислено ме избрал за таа цел. Тоа се гледа и по омразата на оние што сега ме плукаат и физички ми се закануваат. Очигледно сум им пречел многу. Нека е и така. Од грешките се учи многу, ако се сака. Само уште ова. Гаќите сѐ уште се на мене, ама некој пак му ги симна на новинарството, ако пропагандата може да се нарече новинарство.

 

Scroll to Top