„Некст тајм“ ја препеа „Слушам кај шумат шумите“

На 10 октомври со почеток во 20 часот во Драмскиот театар во Скопје, Стефан и Мартин од „Некст тајм“ ќе го претстават својот најнов музички проект. Тие ја преработија старата македонска песна „Слушам кај шумат шумите“ и снимија спот, во кој покрај нив се појавува една македонска актерка.

„Не би сакале многу да откриваме, ова е нешто на кое макотрпно работевме изминативе две години и ве уверуваме дека ќе звучи и ќе изгледа подобро од нашата ‘Ѓурѓа’,“ рекоа момците од „Некст тајм“.

Scroll to Top