„Некст тајм“ преработи уште една стара македонска песна – „Кога падна на Пирина“

Браќата Мартин и Стефан од дуото „Некст Тајм“ по подолго време ќе објават уште една преработка на стара македонска песна. Станува збор за песната „Кога падна на Пирина“, која е за револуционерот Јане Сандански.

Промоцијата ќе се биде на 13 април, среда, во киното „Милениум“, во Градскиот трговски центар, со почеток во 20 часот, а на неа ќе присуствуваат голем број нивни колеги, пријатели, соработници, но и обожаватели.

Досега браќата преработија неколку стари македонски традиционлани песни, како „Нешто ќе те питам, бабо“, „Слушам кај шумат шумите“ и „Ја излези Ѓурѓо“.

 

 

Scroll to Top