Нема љубомора меѓу нас

Македонската фолк пејачка Елена Велевска на социјалните мрежи објави фотографија на која може да се забележи дека ужива во друштвото на нејзината колешка Анета Мицовска од група Молика.

Елена Велевска постојано говори во јавноста дека голем број од колешките на естрадата и љубоморат на неа.

Но пејачката од Прилеп смета дека нејзината пријателка од Битола Анета не е една од нив.

Велевска фотографијата ја објави со опис во кои ги поздрави сите нивни пријатели, по што нивните обожаватели не пропуштија можност да споделат пофални коментари за двата македонски вокали на естрадата.

Неодамна Велевска доживеа сообраќајна несреќа, но мина во најдобар ред ѝ пејачката можеше да се врати на нејзините секојдневно обврски.

 

Scroll to Top