Николина на Борко со голо стомаче пред породување

Николина, сопругата на репрезентативниот голман Борко Ристовски објави фотографија на која го покажа голото трудничко стомаче само еден месец пред породувањето. Таа и Борко треба да станат родители во март. Тие поодамна објавија дека ќе добијат син кој ќе се вика Душан, по починатиот татко на Борко.

Ова не е првпат Николина да објавува фотографии на кои покажува како напредува бременоста. Но, овојпат под фотографијата напиша емотивна порака, велејќи дека едвај чека да стане мајка.

„Јас сум толку променета. Телото ми е променето. Умот ми е променет. Деновите ми се поразлични од претходно. Се чувствувам поинаква и моите потреби се поразлични. Тешко е и секој ден се запознавам на друг начин. Плачам, а не знам зошто. Се шегувам за секоја ситуација за да си помогнам да издржам докрај. Имам екстра килограми и потешкотии во извршувањето на најосновните работи. Воопшто не е лесно. Чекањето на моето бебе е истовремено најтешкото и најубавото нешто што некогаш сум го направила. Станувањето мајка те тера да сфатиш дека можеш да направиш сè. Учиш што е љубов, сфаќаш што значи животот. Се чувствувам благословена и благодарна за сè и ја гледам убавината во нешта во кои не ја гледав претходно. Не го разбираш животот сè додека не започне да расте во тебе“, напиша Николина под инстаграм-фотографијата.

Scroll to Top