Ограбена пејачката Кристина Арнаудова

Пејачката Кристина Арнаудова вчера била ограбена на Клиниката во Скопје додека ја сместувала својата баба во една од собите на Клиничкиот центар. Додека ја сместувала  баба си, ѝ ја украле чантата во која имало паричник со сите документи и платежни картички, како и 9000 илјади денари. Покрај парите, ѝ го украле и телефонот „самсунг“, како и два пара очила. Пејачката кажа дека се чувствува скршено, а истото и јавно го сподели на својот фејсбук-профил.

 

Scroll to Top