Оперирана Зорица Заева

Сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица, вчера била оперирана во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Направена ѝ е операција на ‘рскавицата на нагазната коска на глуждот со матични клетки од коскена срцевина, пренесува „сдк.мк“.

Операцијата е направена со помош на едукатор од Хрватска, д-р Џихан Абаџовиќ, а ја извеле д-р Христијан Костов, директор на болницата, кој е хирург по трауматологија, и д-р Зоран Несторовски, од одделот за трауматологија во болницата. Таа подолго време имала проблем со движење на едната нога

Заева требала да оди на операција во Хрватска, но на крај сепак решиле  да биде оперирана тука.

„За овој зафат се земаат матични клетки од неа, поточно од коленото се вадат 100 милилитри коскена срцевина и 200 милилитри крв од вената. Тоа се прави со специјални машини, каде што земениот материјал се обработува. Операцијата траеше два часа, ѝ ја извадивме оштетената ‘рскавица, а потоа ги ставивме матичните клетки“, изјавил д-р Костов.

Целиот линк прочитајте го тука

 

Scroll to Top