„Ориентал бенд“ се враќа на сцената со македонски евергрини

По две години пауза, „Ориентал бенд“ се враќа на музичката сцена. Наскоро бендот ќе промовира нов проект кој содржи преработки на македонски евергрини и неколку познати странски хитови.

„Целиот проект е снимен во живо. Нашата желба во живо да отпееме и отсвириме неколку убави песни, на театарска сцена со светла, даде плод и нескромно ќе кажеме дека испадна одличен производ. Нашето го остваривме. Работевме со многу голема желба и љубов, а сега останува публиката да го препознае тоа“, велат од „Ориентал бенд“.

По новогодишните празници, конечно, ќе промовираат две авторски песни на бендот, кој од неодамна има и нов член, гитаристот Ристе, а за песните се планирани и видеоспотови.

Scroll to Top