Палашоска се почести со најскапото кафе на светот направено од измет

Фолк-пејачката Џесика Палашоска деновиве ужива на Бали. Таа објави фотографија на својот инстаграм-профил под која таа напиша „Само небото е граница“.

Но, со своите следбеници сподели и фотографија на која напиша дека пиела од најскапото кафе на светот, ливак, кое е специфично по тоа што е направено од зрната кафе што се собираат од изметот на азиските цибети. Овие животни ги јадат зрната кафе, но нивниот организам не ги вари. Локалното население потоа ги собира зрната кафе од изметот на овие животни, ги суши, меле и ги додава во кафето, кое потоа, како што велат, има многу поспецифична арома. Ова кафе се смета за вистински деликатес во Индонезија.

Потоа постави уште неколку приказни на „Инстаграм“ од своето патување воодушевувајќи се на убавините на овој остров во Индонезија.

Scroll to Top