Палашоска се пофали дека лета за Турција

Фолк-пејачката Џесика Палашоска на крајот од летото реши да замине на одмор во Турција. Вели дека конечно е време да е опушти зашто во текот на годината имала многу ангажмани. „Од една страна поради настапите и снимањата, ама од друга страна и поради испитите кои ги подготвувам за Економскиот факултет во Прилеп“, вели Палашоска.

Пред да замине за Турција, фолк-пејачката се пофали со фотографија од авион, во која позира пред полетување.

Scroll to Top