Пандев прослави девет години брак

Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев важи за човек кој не сака да го дели приватниот живот со јавноста. Токму затоа неговите следбеници на „Инстаграм“ се изненадија кога фудбалерот на „Џенова“ објави фотографија со сопругата Надица со која ѝ ја честиташе годишнината од бракот. Под фотографијата тој само напиша „Среќна годишнина“, а кон честитките се придружија неговите пријаели, фановите и некои од колегите-фудбалери.

Горан и Надица се венчаа во 2009 година и имаат две деца, Ана и Филипо.

Scroll to Top