Пејачот Виктор Постолов ќе се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“

Пејачот Виктор Постолов, кого публиката го запозна минатата година преку музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“, ќе се обиде повторно да ја освои публиката, овој пат со учество во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.

Снимањата за новата сезона започнуваат денеска, а наскоро ќе почне да се емитува на телевизиите во регионот.

22-годишниот Виктор студира музичка теорија и педагогија на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На музичката сцена првпат се појави во потрагата по ѕвезда на „М2 продукција“. Постолов во земјава настапува заедно со музичката група „Театро бенд“.

Scroll to Top