Перо Антиќ му подари дрес на момче со церебрална парализа

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ му подари свој дрес со потпис на 9-годишниот Лука Ивезиќ кој боледува од церебрална парализа. Лука присуствувал на натпреварот меѓу „Црвена ѕвезда“ и „Цедевита“, а нашиот кошаркар му го подарил дресот на полувремето.

Според српските медиуми, Антиќ ја продолжил дружбата со малиот Лука по натпреварот и со него ја прославил победата на „Ѕвезда“ против „Цедевита“.

Scroll to Top