Перо Антиќ пак ќе игра за Црвена звезда

Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ повторно ќе игра за Црвена звезда.

Тој потпиша едногодишен договор , а веста ја потврди и интернет-страницата на клубот. Нашиот најдобар кошаркар, Антиќ, стана првиот Македонец што заиграл во НБА-лигата. Освои три титули европски првак, и тоа две со Олимпијакос, а лани со Фенербахче. Антиќ играше за Црвена звезда од 2005 до 2007 година.

Scroll to Top