Перо Камиказа – гуштер во униформата на ЈНА

Петар  Георгиевски – Камиказа, членот од музичка група „Меморија“, на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави фотографија од времето кога бил војник во некогашната Југословенска народна армија.

Тој на објавените две фотографии напиша: „Малку потсетување на ЈНА“.

На фотографиите може да се забележи капата со петокраката, еден од симболите на Југославија, а исто така и имиџот што тогаш гитаристот на „Меморија“ го негувал, мустаќите.

„На горната фотографија личиш на Сантана. Тој е полковник и лик од драмата на Дејан Дуковски“, беше еден од коментарите.

Перо доби комплименти дека е урбана скопска легенда, дека изгледа топ, но имаше и такви што му напишаа дека изгледа како гуштер. (Љ.В)

Scroll to Top