„Пиволенд“ – журка за сите генерации

Со настапот на актерот и шоумен Игор Џамбазов вчера во Скопје заврши „Пиволенд“. Ова беше 10. јубилејно издание на фестивалот, кој траеше седум дена. На скопското Кале љубителите на доброто пиво уживаа во забавата за сите генерации. Настап имаа „Ван Гог“, С.А.Р.С. и САФ.

По „Пиволенд 2017“, организаторите го најавуваат следниот фестивал за скопјани – „Виноскоп 2017“, кој ќе се одржи кон крајот на септември.

Scroll to Top