Почина актерот Салаетин Билал

По долго боледување почина актерот Салаетин Билал на 76 години. Доајенот на Турскиот театар играше во голем број филмови, телевизиски серии и театарски претстави.

Во неговата биографија, се запишани филмовите „Најдолгиот пат“ ,  „Време води“, „Ангели на отпад“, „Џипси меџик“ , „Зад непријателските линии“, „Прашина“ , како и „Илузија“ „Сенки“ , „Мајки“„Трето полувреме“ , „Балканот не е мртов“,  „До балчак“.

Глумел и во голем број серии, воедно е добитник и на бројни награди.

Салаетин Билал студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година станал член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите во Скопје.  Во 13 часот ќе се одржи верската церемонија во Џамијата во Бутел, а погребот е во 13.30 часот на Градските гробишта во Бутел.

Scroll to Top