Почина режисерот Љупчо Тозија

По кратко боледување вчеравечер во Скопје почина режисерот Љупчо Тозија, поранешен директор на Македонската радио и телевизија и наш амбасадор во Италија. Тозија зад себе остави бројни режисерски дела, меѓу кои и играни телевизиски, документарни филмови и театарски претстави како „Желба во глината“, „Каменот тежи на своето место“.

Режисерското деби го имаше во 1973 година во Драмскиот театар со претставата „Хамлет од Долно Гаштани“.

Scroll to Top