Полицијата го уапси фолк-пејачот Петар Нечовски

Охридската полиција го уапси, а потоа поднесе и кривична пријава против фолк-пејачот Петар Нечовски од Охрид поради подметнување пожар. Тој е осомничен за сторено кривично дело предизвикување општа опасност. Истрагата утврдила дека на 24 минатиот месец Нечовски по неуспешниот обид да оствари средба со еден музички новинар во продукција во Охрид, пред вратата на продукцијата запалил најлонска вреќа со ѓубре. Пожарот навреме бил забележан и изгаснат.

Scroll to Top