Помодарки на кафе

Некогашната манекенка Надица Георгиева и денес го носи приматот на една од најубавите жени во Македонија. Таа покрај постојаните модни ангажмани, во времето кога се занимаваше со манекенство, во 1988 година беше на насловната страница на популарното списание  „Базар“. Дека модата е сè уште нејзин стил на живеење може да се забележи на нејзините јавни појавувања, каде секогаш е убаво дотерана, но и на дружбата со една од нашите најпознати модни дизајнерки Тања Кокев. Двете вљубенички во модата сончевото време го искористија за заедничко кафе. Тања Кокев повеќе од 10 години е на домашната модна сцена. Почна со дизајнирање венчанци, а денес таа е еден од дизајнерите со сопствена модна линија. Таа најави и дека наскоро „Кокев“ ќе се претстави на некоја од модните светски недели.

Scroll to Top