Прилепски параглајдеристи најдобри на меѓународен натпревар во Албанија

Ветеранот и селектор на македонската параглајдинг репрезентација, Миле Јованоски, и членовите на клубот „Делта“ од Прилеп освоија неколку награди на Меѓународниот натпревар во парагалјдерство што се одржа викендов во Корча, Албанија.

Тимот „Делта“ предводен од Јованоски го освои прво место во екипна конкуренција, а во дисциплината прицизно слетување Миле Јованоски го освои третото место. На натпреварот учествуваа над 50 пилоти од Албанија, Косово, Србија, Македонија, Бугарија, Грција, Турција и Англија.

Ова е само еден од многубројните меѓународните турнири годинава од каде што семејството Јованоски се враќа со освоен медал. Последен таков успех беше на меѓународниот натпревар „Прилеп опен“ пред неколку недели, каде што браќата Борјан и Мартин Јованоски го освоија второто и третото место.

Scroll to Top