Пронајдено телото на исчезнатата професорка

Професорката Снежана Тројачанец, по која се трагаше од вчераутро, е пронајдена мртва. Телото е пронајдено во реката Вардар. Информацијата е споделена на социјалните мрежи од името на нејзиниот син Филип. Тој и семејството им се заблагодаруваат на сите што се вклучиле во потрагата по 52-годишната жена.

Од МВР во моментов нема официјални информации.

Scroll to Top