Ракометарите изгубија облог, па се потстрижаа

Откако македонските ракометари одиграа нерешено против Германија и завршија први во групата, тројца од нив добија нови фризури. Дејан Манасков, Филип Кузмановски и Столе Стоилов се потрстижаа на „кец“ поради загубен облог.

„Нова фризура! Кладба си е кладба“, напиша Манасков на фотографијата што ја објави на својот инстаграм-профил.

Според спортските медиуми, облогот меѓу репрезентативците бил дека Македонија ќе заврши на прво место во групата.

Македонија во вториот круг пренесе три бода, а прв ривал во Вараждин ќе биде репрезентацијата на Шпанија. Потоа играме со Чешка и Данска.

Scroll to Top