Рангелова сака да биде Оливија Палермо

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, вчера привлече внимание со жолтиот капут, додека новиот лидер, Христијан Мицкоски, даваше изјава дека пратениците нема да се вратат во Собранието додека не се ослободат притворените.

Со жолтиот капут, под кој носеше црвен тенок џемпер, облечен врз бела елегантна кошула и џинс, Рангелова потсети на свeтската џетсетерка Оливија Палермо. Рангеловa во стајлингот ги утнала чизмите, кои потсетуваат на гојзерици за планина, па тука се разидуваат со стилот на Палермо која носи шизми со висока попетица, елегантни. Косата ја собрала во опавче, со црвен стегач, а чантата веројатно ја комбинирала со чизмите.

Scroll to Top