Рангелова во црно сака авторитет

Претничката од ВМРО, Даниела Рангелова вчера на судењето за Шамарите во Центар, дојде облечена во црно. Обично во последно време Рангелова преферира живи бои, како жолт капут, црвена кошула, џинс во комбинација со бело. Овој пат се решила за црната боја, односно црно кусо здолниште над колена, црни хулахопки,  црна блуза, па и црн стегач на коста. Црната боја е синоним за луѓе кои се исполнети, велат психолозите. Според нив, оваа боја е бојата на луксузот и елеганцијата. Луѓето кои се облечени потполно во црно сакаат да го истакнат својот авторитет.  Во комбинацијата на Рангелова, впечаток остава и палтото кое го носи, украсено со крзо на ракавите и околу вратот.

Scroll to Top