Ристески, Велевска и Кајмакоски ги одбраа новите ѕвезди на Гранд

Стотици кандидати се пријавија и дојдоа на вчерашната аудиција за новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, „Неки нови клинци“ и „Никогаш не е доцна“ која се одржа во просториите на Канал 5 телевизија.

Жири комисијата која ги избираше потенцијалните ѕвезди во „Ѕвездите на Гранд“ беше составена од последниот победник, Ристе Ристески, фолкерката Елена Велевска и Даниел Кајмакоски, победникот на „Х Фактор“ и „Твоето лице звучи познато“.

Токму во новата сезона на најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, нашиот Ристе Ристески ќе ја промовира својата прва студиска песна и ќе се обиде преку своја музика да допре до целиот Балкан.

Scroll to Top