Сакам да бидам млада мајка

Поп-пејачката Зои Блаж летово е во Словенија кај своето момче, ракометарот на „Металург“, Тадеј Матијашич. Таа ни откри дека в понеделник ќе прослават една година од нивната љубовна врска и дека сака да го изненади Тадеј за годишнината.

„Интересно е тоа што ние се запознавме на пазар, па си мислам дали и такво изненадување да му приредам“, искрена е поп-пејачката.

 

Таа ни откри дека е среќна во љубовта и дека искрено посакува да стане млада мајка. По враќето од Словенија, започнува со музичките обврски. Вели дека од септември спрема изненадувања за својата публика, но не сака сега ништо да открива. „Само нека се спојат коцките и планирам да ја изненадам мојата публика“, вели Зои Блаж. (А.Г.)

 

Scroll to Top