„Сам дома“ омилен божикен филм на познатите

Филмот „Сам дома“ со Меколи Калкин во главната улога е еден од најомилените филмови на македонските јавни фаци. Овој филм го обожава Тамара Тодевска, вели, омилен ѝ е уште од детството.

Тамара Тодевска

„Сам дома“ му е омилен филм и на голманот на ФК „Вардар“, Игор Алексовски. Вели, го гледал уште како дете и секогаш го потсетува на убави и среќни моменти.

Игор Алексовски

Истиот филм го обожава и фолк-пејачката Џесика Палашоска.

„Го сакам ‘Сам дома’ зашто е божикна приказна и комедија, а комедија ми е омилен жанр. Се смеам кога и да го гледам“, рече Палашоска за „Репортер“.

Џесика Палашоска

„Чудо на 34. улица“ е најомилен филм на тв и радио-водителот Марко Марк.

„Го гледам секоја година во ова време. Ама, за време на празниците сакам да ги гледам и ‘Хари Потер’, ‘Господар на прстените’ и ‘Сам дома’“, вели Марко.

Марко Марк

Елена Ристеска нема еден омилен божикен филм. Вели, сите божикни филмови ѝ се убави за правење атмосфера.

Елена Ристеска

Водителот Ване Маркоски ужива да го гледа британскиот филм „Загубениот Божик“.

„Ова е типичен божикен филм, најверојатно инспириран од филмските класици ‘Божикна песна’ и ‘Прекрасен живот’. Ќе ве расплаче и насмее, а најверојатрно и заинтригира преку многуте различни приказни“, ни рече Ване.

Ване Маркоски

Пејачот Влатко Лозаноски најмногу го сака филмот „Божикна приказна“.

„Ме враќа во детството, има вистински божикен дух, искрена детска игра и радост, секогаш кога го гледам ми буди убави спомени и ме враќа во некое убаво време“, ни раскажа Лозано.

Подготви: Андријана Јовановска

Влатко Лозаноски

 

Scroll to Top