Сања Лефкова вторпат стана мајка

Поп-пејачката Сања Лефкова вторпат стана мајка. Таа вчера се породи со своето второ дете, а бебето го доби името Лукас.

Пејачката радосната вест ја објави на својот фејсбук-профил велејќи дека е многу среќна што нејзиниот постар син Никола добил брат.

Таа и нејзиниот сопруг Мики веќе неколку години се во брак. Сања Лефкова пред да стане мајка беше особено активна на музичката сцена. Но, кога се породи со синот Никола, набргу се врати на музичката сцена.

 

Scroll to Top