Сара Мејс слабее на кеј

Пејачката Сара Мејс ги искористи последните топли денови во годината да се прошета во градскиот парк со пријателите. Таа беше во друштво на диџеј Мац и Мишо Спасовски, нејзиниот партнер од шоуто „Танц со ѕвездите“.

Прошетката ја дополнија со дегустација на колачи, а диџеј Мац на својот инстаграм-профил објави фотографија и напиша „Малата е на диета“. Фотографијата ја дополни и со неколку видеоприказни, на кои Сара и Мишо се тркаат на кејот на Вардар. Победник во трката е Мишо.

 

Scroll to Top