Сашко Коцев ги израдува децата од „Златан Сремец“

Актреот Сашко Коцев, денес ги израдува децата со посебни потреби од  учиилиштето „Златан Сремец“, кога како роденеденски подарок се појави на прославата на 46-от роденден на школото.

Насмевки, гушкање, музика , дружба….децата неможеа да ја сокријат својата среќа.

Сето ова беше реализирано преку Здружението ,,Проект Среќа “ зад кое стои поп-пејачката Кристина Арнаудова, која исто така беше на прославта.

„Сашко Коцев секогаш ни излегува во пресрет. Неможам ни да опишам какво беше чуството, на децата кога дојде, а и роденеденската прослва помина бесрекорно“, вели Кристина.

И на официјалнта страна на школото „Златан Срмец“ беа споделени импресиите од настанот.

„ Среќа е да имаш вистински пријатели кои несебично помагаат во реализирање на различни проекти и идеи….Среќа е да имаш партнери во работата ,а тоа се родителите на нашите ученици кои се секогаш подготвени да не поддржат во активностите во училиштето и надвор. Среќа е да работиш со ученици кои се секогаш подготвени заедно со сите нас да ги дофатат ѕвездичките. А наша најголема среќа е насмевката и радоста на нашите ученици“, велат од училиштето „Златан Сренец“.

(А.Г)

Scroll to Top