Сашко Коцев за ќерката славеше до зори   

Актерот Сашко Коцев, кој викендов стана татко, наголемо славел за раѓањето на својата ќерка. Тој во една градска кафеана, заедно со Ранко Петровиќ, првиот човек на „Бубамара“, композиторот Александар Митевски и во друштво на пријателите славел до зори.

Актерот сподели и фотографија на социјалните мрежи од амбиентот во кафеаната. Коцев и Смиљана викендов станаа родители. Смиљана се породила во една од скопските клиники. Породувањето поминало во најдобар ред, а мајката и бебето се чувствуваат добро. Пред неколку години актерот ја побара Смиљана за жена на сцената на „Златна бубамара на популарноста“  .

Scroll to Top