Се сретнаа старите пријатели Џаро и Чолиќ на „Питијадата“ во Велес  

Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ викендов одржа тричасовен  концерт во Велес каде што Здравко беше главна ѕвезда на „Питијадата 2017“.

По 24 години, Чолиќ повторно е во Велес. Тој приреди незаборавна забава пеејќи ги сите свои хитови заедно со публиката.

Чолиќ на „Питијадата“ во Велес се сретна со својот долгогодишен пријател и некогашен менаџер Велибиор Џаровски-Џаро. Емотивна средба на двајцата пријатели, но и шанса да поразговараат за старите времиња. Џаро и Чолиќ соработуваа од времето на поранешна Југославија кога Велибор му ги организира концертите на Здравко во времето на поранешната држава. Но, ова пријателство трае и денес.

Популарниот пејач беше воодушевен од велешката пастрмалија и рече дека е супер специјалитет на кој може да му завидат и Италијанците, кои имаат богат избор на специјалитети со тесто.

 

Scroll to Top