Се сврши Борко Ристовски

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, ја побара за жена својата девојка Николина. Тој веста ја сподели на „Инстаграм“.

„Некој кој навистина те сака, гледа каков хаос можеш да бидеш, колку нерасположен можеш да станеш и колку е тешко да се справи со тебе, но и понатаму те сака. Благодарам што си секогаш тука за мене“, напишал Борко покрај фотографијата, на која Николина го покажува свршеничкиот прстен.

Николина уште во октомври лани објави дека е бремена, а Борко неколкупати се пофали дека ќе добие син. Свадбата се очекува наскоро.

Scroll to Top