Семејството му е секогаш пред музиката

Пејачот Димитар Андоновски деновиве се врати од летување и веќе се подготвува за новите обврски со „Тајфата“.

Но, додека да започне снимањето на нивната нова песна и редовните настапи, тој го искористи времето да сподели неколку убави спомени од летувањето на црногорското приморје. На едната фотографија Димитар е со шестмесечниот син Михаил, а на другата со сопругата Христина, и како да сакаше да ни порача – семејството ми е секогаш на прво место.

Scroll to Top