Шилегов го сефтоса новиот Мерцедес

Градоначалникот на Петре Шилегов и Михаило Зографски, директор за продажба на комерцијални возила на Мак Аутостар денеска потпишаа договор за пробно  користење на автобус Мерцедес на гас во градскиот превоз.

„Скопје заслужува автобуски превоз кој нема да загадува, ќе биде енергетски ефикасен и кој во целост ќе излезе во пресрет на потребите на граѓаните коишто го користат.Станува збор за  енергетски ефикасен автобус, наменет исклучиво за јавен превоз, со намалена потрошувачка на гас “, рече Шилегов.

Споредено со потрошувачката на старите дизел – автобуси, овој автобус ќе троши речиси 50% помалку гориво, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП. А најголема предност на овој автобус е тоа што емитува значително помалку ЦО2 и речиси воопшто не го загадуваат воздухот.

Scroll to Top