Шилегов мие автомобили за 200 денари

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, постојано споделува фотографии од кампањата. Се возеше со велосипед, разговараше со граѓани, купуваше ѓевреци во Драчево, галеше миленици, а сега почна да мие автомобили во салон за миење автомобили. На ѕидот од салонот пишува дека миењето автомобил чини 200 денари.

Коментарите на социјалните мрежи се различни. Едни ја поздравуваат спонтаноста на Шилегов и велат дека ова е одличен начин да се биде поблиску до граѓаните, а други, пак, велат дека политичарите не избираат средства да дојдат до власт.

Scroll to Top