Симеон Коруноски го освои првото место на „Златен костен“ во Петрич

Првото место на бугарскиот фестивал „Златен костен“ го освои македонскиот млад пејач Симеон Коруноски со песната со наслов Најмила.

Симеон на сцената се појави со гитара во раката. Тој свиреше и пееше со затворени очи, а публиката беше воодушевена од неговиот фантастичен настап.

Второто место му припадна на Бонимир Бонев, кој пееше „Абуда Би“, а третопласирана заврши Божидара Симеонова со песната „Мираж“.

Scroll to Top