Симона Угриновска на местото на Дац

По оставката на в.д. директорот на Македонскиот народен театар, Драган Спасов – Дац, Министерството за култура за нов в.д. директор ја назначи Симона Угриновска, која во согласност со законот е од вработените во театарот, продуцент во МНТ.

„Таа ќе ја извршува функцијата до распишување на конкурсот за нов директор. Како и во другите инститции, во согласност со измените на законите за култура и за државна администрација, првин треба да се изврши промена на статутите, а потоа да се пристапи кон распишување на конкурсите. Процедурата може да потрае еден-два месеца, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Драган Спасов поднесе оставка и Министерството му ја прифати бидејќи на 30 јануари со возило повреди пешак.

Scroll to Top