Скопјанецот Славче Таневски целосно го дизајнира првото електрично возило на „Мерцедес“

Македонскиот дизајнер Славче Таневски на автосаемот во Франкфурт премиерно го претстави својот втор модел „мерцедес-бенц концепт ЕКА“, кој тој целосно го дизајнира.

Станува збор за возилото концепт ЕКА, кое е прво електрично возило на „Мерцедес-Бенц“ во компактната класа. Возилото е придвижувано од два електрични мотора поставени во предниот и задниот дел на возилото со вкупна моќност од над 200 киловати.

„Електровозилото на иднината е секси“, вели Славче Таневски

Според дизајнерот Славче, електровозилото на иднината е секси со привлечна и моќна појава на патот. Тој лани го промовира својот прв автомобил што го дизајнира за „Мерцедес“, а промоцијата беше во Скопје. Првиот „мерцедес“ дизајниран целосно од скопјанецот Славче Таневски е „ГЛЦ купе“ за чиј дизијан Славче инспирацијата ја барал во стриповите и во цртаните филмови.

Scroll to Top