Снег на Попова Шапка и на Стража

Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози во североисточните, северозападните и југозападните делови од државата. Во источните и јужните делови коловозите се влажни на одредени места.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од „Македонија пат“ апелираат да се вози внимателно возење и брзината да се прилагоди спрема условите на патот.

Scroll to Top