Соња Тарчуловска побара од Господ да ги ослободи притворените од Шуто Оризари

Фолк -пејачката Соња Тарчуловска неколку часа пред Нова година објави статус на својот фејсбук-профил, во кој му се помоли на Бога за неправедно затворените браќа и сестри.

Таа со молитва апелира Господ да ги ослободи притворените од затворот во Шуто Оризари, кои беа организатори на настаните од 27 април во Собранието.

„Многумилостив Господи, Боже наш, извору на милосрдието и длабочино на добрината. Ти кој што избавуваш слаб од силен и им помагаш на оние што немаат кој да им помогне. Ти го ослободи Јосиф од затвор и го избави Петар од оковите. Тебе и сега смирено ти се молиме. Направи им милост на твоите чеда што се во затвор и окови и прости им ги сите волни и неволни прегрешенија и како човекољубец избави ги од неволјата што ги снашла. Дај им олеснување на тешкотиите и трпение во страдањата. Изведи ги и ослободи ги од затворот за да се вратат при своите блиски и да ги зарадуваат нивните натажени срца и да се покажат достојни твои синови и ќерки, па со својот примерен, и пред Тебе, во сеугледен живот да ја прослават Твојата добрина, амин“, напишала на својот профил.

(А.Г)

 

Scroll to Top