Сопругата на Борко Ристовски јавно му кажа колку го сака

Борко Ристовски, голманот на македонската ракометна репрезентација, денеска го прославува 35. роденден. Ракометарот на Барселона доби многубројни честитки, но најмногу внимание предизвика честитката од неговата сопруга Николина.

„Среќен роденден на личноста што најмногу ја сакам на овој свет. Тој е најдобрата личност што некогаш сум ја сретнала и благодарна сум на сето она низ што минуваме“, напишала Нина под фотографијата на која се фотографирани таа и Борко.

Двојката го очекува своето прво дете за неколку месеци, а убавата вест ја споделија неодамна преку социјалните мрежи.

Scroll to Top