Спасен Силјаноски со нов спот и турнеја

Фолк-пејачот Спасен Силјаноски смета дека 2017 година била најуспешна година во неговата кариера. Тој и оваа година ја почнува со работни ангажмани. Во едно интервју тој вели дека планира да сними спот за песната „Ќе ти дојдам во зла доба“ кој би сакал комплетно да е завршен до пролет. Тој планира да тргне и на турнеја.

„Изминатата година снимив две нови песни, меѓу кои и ‘Ќе ти дојдам вечер во зла доба’, која е голем хит и веднаш беше прифатена од мојата публика. Токму заради тоа и решив за неа во најскоро време да снимам видеозапис“, рекол тој.

Деновиве Силјаноски ќе замине на куса турнеја во Канада.

„Лани имав три турнеи надвор од Македонија, и тоа во Канада, Америка и Австралија, а бев и во Турција, во Маниса“, додал тој и открил дека гостувањето ќе биде кратко зашто сака за Водици да е дома и како и секоја година овој празник да го помине со своите во родното Пополжани, Кичевско.

Scroll to Top