Спасен Силјановски им пееше на Македонците во Канада

Фолк-пејачот Спасен Сиљаноски за Василица замина во Канада. Тој настапи во Торонто, во Мисисага, каде што живеат голем број македонски иселеници.

„Не знам дали ќе најдам соодветни зборови да ја опишам среќата. И мојата и на сите гости кои беа дел од мојот настап. Не се опишува. Дојдов специјално само за еден настап, само за Василица. Настапив во црквата Св. Илија, каде што се собираат нашинците. Салата беше преполна. Од гостите дознав дека не била толку многу полна во последниве 15 години“, рече Спасен.

Според канадските закони, веселбата морала да заврши до еден часот по полноќ, но тој пеел со три часот.

Ова е третпат Спасен да настапува во Канада. Неговиот следен настап е во Маниса, Турција, каде што ќе настапи на покана на македонското друштво.

„Секоја година голем дел од фолк-пејачите настапуваат во овој град. За Велигден повторно ќе настапувам во Америка, овој пат на турнеја, иако сè уште не се потврдени сите концерти и градови“, додава Силјановски.

Тој веќе има закажано и турнеја во Австралија, на крајот на септември.

Scroll to Top